За спортска историја: Титулата на кошаркарите во Евролигата, мотивација за Роналдо и компанија

Ниту еден европски клуб досегa не успеал да ги обедини титулите во престижните контиентални клупски натпреварувања, фудбалската Лига на шампионите и кошаркарската Евролига. Реал Мадрид има ваква историска можност.

Кралскиот кошаркарски состав триумфираше во Евролигата, па ако тимот на Зинедин Зидан го повтори успехот на составот на Пабло Ласо, покрај многу други постигнувања за спортската историја, Реал Мадрид ќе го запише и овој податок.

Фудбалскиот и кошаркарскиот тим на Реал Мадрид одржуваат исклучително добри однoси. Кошаркарите ќе присуствуваат на вечерашното финале и ќе им  бидаат поддршка на колегите од фудбалскиот тим. Играчите постојано се присутни на натпреварите на другата екпиа и постојано си даваат поддршка со пораки на социјалните мрежи.

Кошаркарите на Реал Мадрид со триумфот  над Фенербахче во финалето на Евролигата додјоа до десеттата европска титула, а фудбалскиот состав пак ако триумфира вечер против Ливерпул во Киев ќе врзе три последователни титули во елитното натпреварување, а ќе дојде до 13-от трофеј.

 

Се вчитува...