Сите рекорди на Ливерпул на патот до Киев

Ливерпул оствари огромен успех со пласманот во финалето, нималку случаен ако се земат во предвид извонредните игри на „црвените“ во текот на целата сезона. Тимот на Јирген Клоп игра атомски фудбал, со леснотија постигнува голови, па на патот до Киев „црвените“ урнаа низа рекорди на елитното европско натпреварување.

  • Ливерпул постигна најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите. Со двата гола во Рим против Рома тимот на Клоп стигна до 46 гола, еден повеќе од досегашниот рекорд што беше сопственост на Барселона уште од 2000 година.
  • Ливерпул е првиот тим кој има три различни играчи со по најмалку девет погодоци во една сезона од ЛШ, Салах и Фирмино доега имаат по 10, а Садио Мане девет гола во пресрет на големото финале. Овие тројца сезонава севкупно во сите натпреварувања имаат неверојатни 90 гола, со што се најдобро напаѓачко трио во фудбалска Европа. 
  • Ливерпул е без пораз на последните 16 домашни средби во Европа (11 победи и пет реми). Последниот пораз „црвените“ го претрпеа токму од Реал Мадрид, во октомври 2014 година.

  • Трент Александер – Арнолд стана најмладиот Англичанец што учествувал во полуфинале од ЛШ, со 19 години и 199 дена.
  • „Црвените“ сезонава постигнаа 20 гола на гостувањата во ЛШ, израмнувајќи го рекордот на Реал Мадрид од сезоната 2013/2014.
  • Ливерпул стана прва екипа што три пати во една сезона победила тим предводен од Пеп Гвардиола (два пати во ЛШ, еднаш во Премиер-лигата).
  • Со победата од 0-5 во Порто беше израмнет рекордот за најубедлив гостински триумф во нокаут меч од ЛШ. Претходно, Баерн има славено со идентичен резултат над Спортинг Лисабон во февруари 2009 и Реал Мадрид триумфираше во Гелзенкирхен над Шалке во февруари 2014.

Се вчитува...