Вардар и на третиот натпревар во Келн одигра во трилер-завршница, но за разлика од ланските два меча овојпат дуелот немаше хепиенд за „црвено-црните“.
Вистинска штета, иако речиси цело време бркаа резултат избраниците на Гонзалес, на крајот стигнаа до егал завршница, но немаа сили за целосен пресврт. Борозан го промаши последниот шут што ќе значеше продолженија, па наместо планираното финале со ПСЖ „црвено-црните“ утре ќе се сретнат со ланскиот ривал во битката за третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА