Младата репрезентација на Македонија славеше против Азербејџан со 0-1 на вториот пријателски натпревар меѓу овие две селекции во Баку.
Селекцијата до 21 година, која во Баку ја предводеа Звонко Златановски и Добринко Илиевски, до победата дојде благодарение на комичниот автогол од 50 метри на Антон Кривотчук во 24. минута од средбата…
Во второто полувреме Азербејџан имаше шанса да израмни, но во 80. минута македонскиот голман Ристо Јанков извонредно го одбрани пеналот на домашните…
Во првиот тест меѓу двете репрезентации пред три дена Азербејџан и Македонија одиграа без победник, 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА