Каде ќе замине Герет Бејл – „Олд Трафорд“ е првата опција

Герет Бејл веднаш по двата гола постигнати во големото финале во Киев најави дека е подготвен да си замине од Мадрид ако не му биде гарантиран првотимски статус, а Манчестер јунајтед го чекаше само тоа. Жозе Мурињо минатото лето не успеа да го доведе Бејл на „Олд трафорд“ иако на оваа тема флертуваше и за време на Супер-купот во Скопје, но сега ситуацијата е променета. Самиот фудбалер е несреќен во Мадрид и сака да си замине, а „црвените ѓаволи“ финансиски гледано се најмоќен клуб што може без проблем да комплетира еден ваков мегатрансфер.

Како што јавуваат британските медиуми, „ѓаволите“ се подготвени да понудат огромни 120 милиони фунти за Бејл само да ја исполнат желбата на својот стратег, кој би создал напаѓачко трио Бејл – Алексис Санчез – Лукаку. Станува збор за сума што е намерно одредена повисоко од реалноста, за да се победи конкуренцијата (Челси и Тотенхем), но и да му се овозможи на Реал Мадрид да заработи на овој фудбалер, кој речиси сигурно ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Тука се и личните преговори со самиот фудбалер, Јунајтед е подготвен да му понуди плата на Бејл од огомни 300.000 фунти неделно, плус богати бонуси, сума што најверојатно ќе ббиде доволна за Велшанецот при изборот на нов клуб да се реши за „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...