Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, трофејот број 13 е веќе во „кралските“ витрини, а долго ќе се паметат и ќе се прераскажуваат головите на Герет Бејл и на Кристијано Роналдо, кои со ножички постигнаа неверојатни голови во сезоната што измина од елитното европско клупско натпреварување. Верувале или не, постигнати се во иста минута (63.).
Роналдо погоди против Јувентус во Торино во првиот четвртфинален меч, а Герет Бејл на спектакуларен начин постигна погодок во финалето во Киев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА