Има надеж за Карвахал дека ќе игра на мундијалот

Убави вести за селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Хулен Лопетеги. Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, најверојатно ќе ја надмине повредата на мускулот и ќе биде дел од Светското првенство во Русија. Лекарските проценки се дека тој би можел да се опорави за околу две седмици, и да биде во комбинација за настап на мундијалот.

По ова, селекторот Лопетеги одлучи десниот бек да остане со фудбалерите на „црвената фурија“, а во последен момент, со докторска проценка, ќе се знае дали и конечно ќе влезе во составот на Шпанија за настап на СП.

Шпанија на 15 јуни го почнува својот настап на мундијалот, а во воведниот дуел ќе ги одмери силите со актуелниот европски првак Португалија.

 

Се вчитува...