Борусија го купи Волф, Папастатопулос може да си замине

Борусија Дортмунд ја засили одбранбената линија, откако Мариус Волф стана прво засилување на „милионерите“ откако Лусијан Фавр седна на клупата на овој клуб. Станува збор за 23-годишен дефанзивец на Ајнтрахт за чии услуги се интересираа и Шалке и Хофенхајм, но Борусија успеа да излезе како победник од оваа трка потпишувајќи го Волф за отштета од пет милиони евра.

„Чест ми е што потпишувам за овој голем клуб, моја цел е да бидам успешен во настапите за Борусија“ – изјави новиот дефанзивец на „милионерите“.

Неговиот трансфер значи и дефинитивно заминување на грчкиот дефанзивец Папастасопулос, кој веќе најави дека летово ќе ги промени клупските бои. Во тек се преговорите за преселбата на овој играч во Арсенал, трансфер од кој Борусија ќе заработи околу 18 милиони евра.

Се вчитува...