Фабињо потпиша: Ливерпул е гигант, чест ми е што сум овде

Ливерпул заврши фантастична работа успевајќи да го комплетира трансферот на Фабињо од Монако, за сума од 50 милиони евра. Бразилскиот играч за врска минатото лето беше поврзуван со Манчестер јунајтед и со ПСЖ, Монако тогаш успеа да го задржи, но „кнезовите“ овојпат дадоа зелено светло за неговиот трансфер на „Енфилд роуд“.

„Искрено сум возбуден од овој трансфер, Ливерпул е светски фудбалси гигант, чест ми е што сум овде. Клуб од таков размер доаѓа и ме бара… не размислував премногу дали да ја прифатам понудата. Знам многу работи за историјата на Ливерпул, но доаѓам овде за да помогнам да се испише нова историја“ – изјави Фабињо по потписот на петгодишниот договор со „црвените“.

Тој е второто засилување на Ливерпул за наредната сезона, по Наби Кеита од Лајпциг. Во тек се и преговорите за Набил Фекир од Лион, а Јирген Клоп дефинитивно ќе донесе и нов голман по фијаското на Лорис Кариус во финалето од ЛШ.

Се вчитува...