Италијанскиот репрезентативец Матео Дармијан е на прагот да направи трансфер од Манчестер јунајтед во Јувентус. Сите детали се веќе договорени и се очекува членот на „аѕурите“ да стави потпис на петгодишен договор со „старата дама“. Англискиот премиерлигаш ќе добие отштета од 12 милиони фунти за продажбата на десниот бек.
Дармијан пристигна на „Олд трафорд“ во 2015 година од Торино, но не се снајде најдобро на Островот. Во последните две сезони посебно имаше мала минутажа кај Жозе Мурињо, по што одлучи да се врати во Италија, но во редовите на градскиот ривал и актуелен италијански првак Јувентус.
Масимилијано Алегри со ангажманот на Дармијан ќе ја пополни празнината на десната бековска позиција по заминувањето на Стефан Лихтштајнер, кој е во преговори со Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА