Реал Мадрид третпат последователно ја освои европската круна, но тренерот Зинедин Зидан сепак би сакал да го засили составот за следната сезона, зголемувајќи ја конкуренцијата во тимот. Стратегијата на „кралскиот клуб“ останува непроменета, и понатаму фокусот ќе биде ставен на ангажман на млади, но веќе проверени и квалитетни фудбалери.
Една од желбите на Зидан е Хозе Хименез, дефанзивецот на градскиот ривал Атлетико Мадрид. „Кралевите“ се подготвени да ја платат отштетната клаузула од 60 милиони евра и да го доведат 23-годишниот Уругваец на „Сантијаго Бернабеу“. Тој во наредната деценија треба да биде наследникот на капитенот Серхио Рамос, а веќе е докажан фудбалер во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА