Лампард пред менаџерски договор со Дерби

Легендата на Челси и на англиската фудбалска репрезентација, Фрaнк Лампард, е во напредни преговoри со тимот на Дерби за менаџерската позиција во клубот. За 39-годишниот Лампард ова би била првата менеџерска работа. Тој од  повлекувањето во 2016 година работи како стручен аналитичар за „Скај спортс“.

Дерби е без менаџер откако Гери Ровет го презеде Стоук минатата недела и Лампард е фаворит број еден за изпразнетото место на „Прајд парк“. Неофицијално, преговорите се во напредна фаза, а се договараат завршните детали.

„Амбициозен сум и во перспектива би сакал да станам менаџер. Ова е добар клуб, со традиција и со историја“ – изјави Лампард додека беше гостин-аналитичар во пренос од финалето во фудбалската Лига на шампионите протврдувајки дека преговара со Дерби.

Лампард кој исто така беше поврзуван со менаџерската позција во Ипсвич, има три премиерлигашки титули, четири трофеи во ФА Купот, два успеха во Лига Купот како и титули во Лигата на Шапионите и во УЕФА Европа лигата. За Англија има 106 настапи.

Екипата на Дерби заврши на шестата позиција во Чемпионшип, но не успеа да избори место во Премиер-лигата откако беше елиминиран во плејофот од Фулам.

Се вчитува...