Европскиот првак Реал Мадрид го претстави дресот за следната сезона 2018/19, а тоа внесе уште поголема паника кај фановите на „кралскиот клуб“. Сите фудбалери дојдоа на фотосесијата и се појавија во новиот дрес, освен најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо. А непосредно по триумфот во финалето на ЛШ, Португалецот напомена и дека не е најсреќен, односно дека очекува клубот да ги исполни ветувањата кон него. Се разбира, во прашање е зголемување на годишната плата, која претседателот Флорентино Перез во меѓусебни разговори.
Ова само дополнително ги подгрева шпекулациите дека Кристијано Роналдо би можел ова лето да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. За него постои сериозен интерес од Манчестер јунајтед и од Пари Сен Жермен, но Флорентино Перез јавно истакна дека тој има актуелен договор до 2021 година и нема да му биде дозволено да направи трансфер во друг клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА