Алегри го носи Ковачиќ во Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус сака да направи шопинг на „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на „старата дама“ е подготвено да ја плати отштетната клаузула за хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ вредна 50 милиони евра и да го врати во Италија. Тој претходно го носеше дресот на Интер.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, е одушевен од квалитетите на Ковачиќ и го посакува во својот тим за следната сезона.

„И покрај младоста, тој има неверојатни квалитети и јасно е дека пред него има одлична иднина. Еден од ретките фудбалери кој може со еден допир на топката да исфрли од игра противнички фудбалер“, изјави Алегри за Матео Ковачиќ.

Се вчитува...