Рома го доведува Иван Маркано од Порто

Италијанскиот калчолигаш Рома ќе ја засили одбранбената линија на својот тим со дефанзивецот на Порто, Иван Маркано. Тој доаѓа како слободен агент на „Олимпико“, а ќе потпише двегодишен договор со „волчицата“.

Маркано најчесто игра на позицијата централен дефанзивец, но по потреба може да одговори и на левата бековска позиција. Тој во текот на денешниот ден веќе треба да пристигне на лекарски прегледи во Рим, а потоа и да стави потпис на договорот со Рома.

Претходно, италијанскиот тим го доведе Анте Чориќ од Динамо Загреб во своите редови.

Се вчитува...