Интер се тресе – Челси ја плаќа клаузулата за Икарди

Интер ќе има големи проблеми да го задржи Мауро Икарди во своите редови откако Челси изрази подготвеност да ја плати клаузулата за аргентинскиот ас, кој се наоѓа на врвот на листата со желби на лондонскиот клуб. Актуелниот договор на Икарди со Интер има клаузула од 110 милиони евра што важи само за клубови надвор од Италија, со цел да се спречи Јувентус да изведе маневар како оној при ангажманот на Гонзало Игуаин од Наполи.

Челси е во потрага по врвен голгетер, а со оглед на фактот дека играчите од светска класа се со вредност над 100 милиони евра, јасно е зошто Роман Абрамович е согласен да плати 110 милиони за Икарди, кој имаше одлична сезона во дресот на „нероаѕурите“.

Аргентинецот заработува 5,2 милиони евра по сезона во Интер, италијанскиот клуб му нуди 6,5 милиони евра годишно додека Икарди бара девет милиони евра плата. Ова е сума што Челси може да си ја дозволи без преголем проблем, а не се исклучува можноста во преговорите да биде вклучен и Алваро Мората, со оглед на фактот дека „нероѕурите“ ќе бидат принудени да бараат нов напаѓач како замена за Икарди.

Се вчитува...