Хенрик Сигнел: Нашата цел е пласман на ЕП!

Репрезентацијата на Шведска ја има фаворитската улога во вечерашниот дуел против Македонија (СРЦ Кале, 19 ч.) во претпоследното коло од клвалификациите за ЕП 2018 во Франција. По првите четири кола, Србија и Шведска се на врвот на табелата со по шест бода, а Македонија е зад нив со четири. Селекторот на шведската репрезентација, Хенрик Сигнел истакна дека нивната цел е пласман на ЕП и се надева дека уште вечерва во Скопје „ќе ја завршат работата“, а за тоа им треба најмалку бод во дуелот со Македонија.

Нашата цел е да обезбедиме пласман на ЕП во Франција и имаме добри шанси за тоа. Се уште ни се свежи спомените од поразот од Србија во март. Мора да го задржиме високото ниво на игра ако сакаме позитивен резултат во Скопје. Добро сме подготвени и сите со нетрпение го очекуваат мечот“ – истакнува шведскиот селектор.

Во првиот натпревар од овој квалификациски циклус, во Лунд, Шведска ја победи Македонија со 38-26. Во последното коло, Македонија и гостува на Србија, а Шведска ги пречекува последнопласираните Фарски Острови.

Пласман на ЕП 2018 во Франција обезбедуваат првите две репрезентации од групите и најдобарата третопласирана.

Се вчитува...