Вардар нема веќе да биде ист, но нив ќе ги памети историјата

Дојдоа во Скопје тивко, а донесоа европска титула. Сега си заминуваат како големи херои на македонскиот клупски ракомет и иако Вардар веќе нема да биде ист, нив секако ќе ги памети историјата.

Тренерот Раул Гонзалес, неговиот асистент Давид Дејвис, легендарниот голман Арпад Штербик, златниот стрелец Лука Циндриќ, шпанските тореадори Жоан Канелјас и Хорхе Македа, како и Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ, историјата ќе ги памети како црвено-црни воини. Тие против Металург се простија од дресот на Вардар, но фановите и македонската ракометна публика никогаш нема да ги заборават. Тие донесоа европски трофеј во Скопје, за Вардар, за Македонија…

Се вчитува...