Германскиот тенисер Питер Гојовчик казнет е со 25.000 евра поради предадениот меч од првото коло на Ролан Гарос против Британецот Камерон Нори.
Гојовчик го предаде мечот при резултат 6-1, 2-0 за британскиот тенисер, откако му беше укажана лекарска помош на теренот.
Надлежните тела во ИТФ задолжени за гранслем турнирите се обидува да им оневозможи на тенисерите само да се појават на мечевите од првото коло за да ја „соберат“ паричната награда, а потоа да се откажат или да го предадат мечот и да заработат „лесни“ пари.
Два дена пред овој меч во Париз, германскиот тенкисер настапуваше во полуфиналето на турнирот во Женева, а челниците на ИТФ нагласија дека тој требало да се повлече пред почетокот на Отвореното првенство на Франција за да може неговото место да го заземе некој од „среќните губитници“ во квалификациите.
На тенисерите со настапот во првото коло на Ролан Гарос загарантирани им се 40.000 евра, а тој што ќе се повлече пред мечот, добива двојно помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА