Жарко Пешевски му кажа „довидување“ на Металург

Репрезентативниот пикер Жарко Пешевски од следната сезона ќе го носи дресот на украинскиот Мотор Запорожје. По 16 години поминати во Металург, Пешевски во Украина ќе го има првото интернационално искуство во кариерата. Но, како што вели, еден ден посакува повторно да се врати во својот клуб од Автокоманда.

„Ова со Металург е само довидување до следно видување. Металург има посебно место во моето срце и јас му посакувам се најдобро на клубот. Сега правам нов исчекор во мојата професионална кариера и се надевам дека повторно ќе имам добра сеозна како што ми беше оваа“ – вели Жарко Пешевски.

Како потенцијална замена за Пешевски на пикерскаста позиција веќе се споменува името на Младен Ракчевиќ. Црногорскиот пикер кој претходно веќе настапуваше во Скопје, прво во Вардар па потоа и во Металург, летово ја заврши соработката со романска Констанца.

Се вчитува...