Марсело Биелса ќе биде нов тренер на Алиоски во Лидс?

Лидс јунајтед е во потрага по нов менаџер откако се раздели со Пол Хекингботом, а на Островот како негов наследник веќе е најавен Марсело Биелса. Познатиот „Локо“ треба да биде гаранцијата дека Лидс јунајтед следната сезона, заедно и со македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во тимот, конечно ќе се бори за враќање во премиерлигашка конкуренција.

Раководството на Лидс е во завршни преговори со Биелса, кој последен пат беше на кормилото на францускиот Лил, а претходно ги водеше и Олимпик Марсеј, Атлетик Билбао, како и селекциите на Аргентина и на Чиле. Во опција се и имињата на Клаудио Раниери и на Филипо Инзаги.

Се вчитува...