Можно ли е…Реал го побарал, а Нагелсман одбил да биде предводник на „кралевите“?!

Еден од најталентираните фудбалски тренери во Германија и воопшто во европскиот фудбал, Џулијан Нагелсман, одбил да биде новиот шеф на стручниот штаб на актуелниот европски првак Реал Мадрид. Ова го тврди германскиот таблоид „Билд“, истакнувајќи дека раководството на „кралскиот клуб“ упатило понуда до стратегот на Хофенхајм, но тој се заблагодарил со порака дека се уште има незавршена работа во овој клуб.

Нагелсман во следната сезона ќе го води Хофенхајм во историски настап во Лигата на шампионите, а тоа за него веројатно е и подраго од кормилото на Реал Мадрид. Тоа е клубот кој му укажа шанса да биде еден од најмладите тренери во историјата на Бундес-лигата, а резултатите се повеќе од очигледни.

Се вчитува...