Најдобриот светски рекет Рафаел Надал убедливо ја мина осминафиналната пречка на гранслем турнирот Роланд Гарос и избори пласман меѓу осумте најдобри. Шпанецот со 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 7-6) го совлада германскиот тенисер Максимилијан Мартерер и ја надгради низата од дури 39 последователно освоени сетови на гранслемот во Париз.
Надал беше убедлив во првите два сета, а во третиот мораше да игра тај-брејк за да го комплетира триумфот. Сепак, квалитетот излезе на површина во решавачките моменти и тој го доби со 7-4 на поени.
Диего Шварцман беше подобар од Кевин Андерсон и го совлада со 3-2 во сетови (1-6, 2-6, 7-5, 7-6, 6-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА