Серена Вилјамс се повлекува од Ролан Гарос. Одлуката ја соопшти во пресрет на осминафиналниот дуел со Марија Шарапова. Причината за повлекувањето е повреда. Вилијамс го инфoрмирала организаторот, а потоа причините ги соопшти и на прес конференција.
„Имам проблеми со мускулите на грбот и не можам да сервирам. Во таква ситуација не можеш да играш тенис. Ќе направам прегледи. Разочарана сум, веројатно сте и вие. Нема ништо од дуелот со Шарапова“ – изјави разочарано Вилијамс.
Серена Вилијамс одигра убедливо досега на Ролан Гарос, загуби само еден гем на патот до осминафиналето. Турнирот во Париз е првиот гранслем за Серена по враќањето од паузата поради мајчинство.
Русинката Марија Шарапова добива лесен пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос. Таа секако имаше статус на фаворитка пред дуелот со големата ривалка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА