Машката ракометна репрезентација на Македонија во бараж двомечот со Романија ќе се бори за пласман СП 2019 во Германија и Данска и за задржување на континуитетот во настапите на големите натпреварувања. За Македонија ова би било трето светско првенство во серија после СП 2015 во Катар и СП 2017 во Франција или вкупно шесто. Романците пак во претстојниот двомеч гледаат шанса да фатат приклучок во светската елита и да се врата на СП на кое немаат настап од 2011 година.
Романците под водство на селекторот Чави Пасквал се подготвуваат во Клуж каде што ќе го играат вториот меч од баражот за СП против Македонија и убедени се дека ќе ја остварат целта.
„Не сум бил на СП ниту на ЕП и сега имаме голема шанса да се квалификуваме. Го играме првиот меч во Македонија, а вториот овде и можам да кажам дека за нас ова ќе биде натпревар на сезоната“ – вели романскиот бек Александру Чепреги кој настапува за францускиот Кретеј.
Важноста на овој бараж за Романија ја потенцира и десниот бек на Татабања, Демис Григораш.
„Не очекуваат два многу тешки и исклучително важни натпревари за нас и за Романија. Се надеваме дека ќе одиграме добро и ќе дадеме се од себе да победиме“ – вели Григораш.
Првиот натпревра од баражот за СП 2019, Македонија и Романија ќе го одиграат на 10 јуни во Скопје, а реваншот е на 13 јуни во Клуж.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА