Англискиот премиерлигаш Арсенал го претстави првото засилување за следната сезона, што воедно е и прва аквизиција по доаѓањето на новиот менаџер Унаи Емери. Нов „топчија“ е искусниот швајцарски интернационалец Стефан Лихтштајнер, кој доаѓа како слободен агент, а досега го носеше дресот на италијанскиот првак Јувентус.
„Стефан ќе ни донесе непроценливо искуство во тимот. Тој е играч со одлични квалитети, позитивен на теренот и посветен на фудбалот. Во него Арсенал секако ќе добие големо засилување“, изјави новиот менаџер Унаи Емери за првото засилување на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА