Британскиот тенисер Енди Мареј бавно се опоравува од операцијата на грбот и неговиот настап на Вимблдон е неизвесен. Иако тој размислува позитивно, прашање е дали ќе биде подготвен за да настапи на гранслем турнирот кој го има освоено двапати во кариерата. Британецот во јануари имаше сериозна операција на грбот, па иако се најавуваше дека ќе се рехабилитира навреме за да учествува на Вимблдон, сепак, тоа е сосема неизвесна мисија.
„Опоравувањето оди бавно и тоа е најголемата мака. Почнав со лесни тренинзи, но не би сакал ништо да предвидувам, а конечната одлука секако ќе ја имаат докторите“, изјави Енди Мареј.
Гранслем турнирот Вимблдон стартува на 2 јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА