Хрватскиот фудбалски мецена Здравко Мамиќ доби шест и пол години затворска казна откако Жупанискиот суд во Осиек го прогласи виновен по сите точки на обвинението. Тој е осуден за повеќе дела, меѓу кои и затајување данок и примање мито.
Помала казна доби неговиот брат Зоран Мамиќ, кој ќе мора да одлежи четири години и 11 месеци, а нивните соработници Врбановиќ и Пернара ќе треба да одлежат три, односно четири години и два месеца.
Здравко Мамиќ ќе мора да ги врати и сите пари кои ги стекнал незаконски, околу 7 милиони евра. На осудените им е одземен и нелегално стекнатиот имот. Мамиќ не се појави на изрекувањето на пресудата, односно замина во Меѓугорје (БиХ), со оглед дека има и босански пасош, па се предвидува и дека нема воопшто да се врати во Хрватска на отслужување на затворската казна.
„Образложувањето на пресудата ме прави бесен“, изјави Здравко Мамиќ од Меѓугорје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА