Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ќе може да го напушти клубот, само под услов да стигне понуда која не е под 200 милиони евра. Тоа практично значи дека Баерн го вреднува Левандовски приближно како Нејмар. И доколку навистина некој испрати понуда со оваа вредност, тогаш полскиот репрезентативец ќе стане втор најскап играч на сите времиња, по Нејмар кој минатото лето се пресели од Барселона во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.
Левандовски со Баерн има договор до летото 2021 година, но тој неодамна побара да биде ставен на трансфер листата. Неколку европски клубови се сериозно заинтересирани за него, а главен фаворит меѓу нив е Реал Мадрид. Но, целата работа, како што пренесува „Билд“, може да ја расипе неочекуваното заминување на Зинедин Зидан од клупата на мадридскиот клуб.
Левандовски во Баерн Минхен дојде во јануари 2014 година од Борусија Дортмунд, а претходно настапуваше за неколку полски клубови. За репрезентацијата на Полска бележи 93 настапи и има постигнато 52 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА