Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфиналето на гранслем турнирот Ролан Гарос, откако со 3-1 во сетови го совлада Аргентинецот Диего Шварцман. Мечот се играше два дена. Четвртфиналето почна вчера, Шварцман го доби првиот сет со 6-4 во гемови, а потоа дождот го прекина дуелот.
Во продолжението Надал успешно го комплетираше вториот сет со 6-3, а следните два му припаднаа со по два загубени гема.
Надал во полуфиналето ќе го очекува победникот од мечот меѓу Чилиќ и Дел Потро кој е во тек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА