Романката Симона Халеп се избори за трета шанса да го освои Ролан Гарос. Доминантно ја доби полуфиналната пресметка против шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).
Халеп одигра перфектен прв сет во кој и препушти само еден гем на противничката, а во вториот Мугуруза се држеше до 4-4, но потоа сепак мораше со наведната глава да си замине од централниот терен во Париз.
Во финалето Халеп за противничка ќе ја добие подобрата од американскиот дуел меѓу Слоун Стивенс и Медисон Кис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА