Несакајќи откриен новиот тренер на Реал: Гути ги презема „кралевите“!?

По се изгледа Реал Мадрид ќе се насочи на решение од сопствениот двор во изборот за нов тренер по заминувањето на Зинедин Зидан.

Откако најпрво „кралевите“ беа одбиени од Маурицио Покетино од Тотенхем, како и од Масимилјано Алегри од Јувентус, ако може да се верува на Виктор Галвез, претседателот на шпанскиот нисколигаш Мурсија, тогаш легендата на Реал Мадрид, Гути ќе биде новиот тренер на „кралскиот клуб“.

„Гути ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Ние сакавме да го донесеме на нашата клупа. Требаше само Зидан да остане два дена плус во Реал па ние тогаш комплетно ќе ги договоревме сите детали за ангажман на Гути. Но, откако Зидан се повлече, тогаш и Гути ги прекина разговорите со нас“ – истакна Галвез на прес-конференција.

Легендарниот 41-годишен Гути како играч има три титули во Лигата на шампионите, пет трофеи во Примера и два Интерконтинентални купа со Реал Мадрид. Од 2013 година работи како тренер на јуниорите во Реал, а сега посакувајќи сличен пат како и Зидан верува дека може да дојде до круната на кариерата… Клупата на „кралскиот клуб“!

Се вчитува...