Наполи го доведе Карло Анчелоти за нов тренер, а тоа е гаранција дека во Неапол ова лето ќе пристигнат квалитетни засилувања. Искусниот стратег кој во минатото водеше дел од најголемите европски клубови, како Реал Мадрид, Баерн Минхен, Челси, има мисија да ја прекина доминацијата на Јувентус во Серија А. На Наполи под итно му треба нов квалитетен голман, со оглед дека Пепе Реина заминува во Милан, а Анчелоти сака на „Сан Паоло“ да го доведе Јеспер Силесен.
Холандскиот интернационалец е втор избор на голот на Барселона, а во Наполи би добил загарантирана минутажа. Тој има отштетна клаузула од 60 милиони евра, и тоа е голема пречка за овој трансфер, но претседателот Аурелио де Лаурентис веќе отпочнал преговори со раководството на клубот од „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА