Ветеранот Дарио Срна го засилува Интер?

Италијанскиот калчолигаш Интер бара квалитетни засилувања за успешен настап во Лигата на шампионите следната сезона. „Нероаѕурите“ по подолг период повторно ќе бидат дел од елитното европско клупско натпреварување, а тренерот Лучијано Спалети сака да доведе фудбалери кои имаат искуство со настапите во ЛШ. Можеби делува изненадувачки, но во неговиот нотес се наоѓа и името на Дарио Срна.

Хрватскиот интернационалец паузираше поради користење на недозволени стимулативни средства, се предвидуваше и дека ќе ја заврши кариерата, но тој го издржа најлошото и сака да се врати на терените. Казната официјално истекува на 23.август.

За него постои интерес од Интер, а тој би дошол како слободен агент. На „Џузепе Меаца“ веќе настапуваат неговите сонародници Марсело Брозовиќ и Иван Перишиќ.

Срна има 36 години, но се уште може да игра на врвно ниво, а покрај Интер, тој има понуди и од Калјари, и од грчкиот ПАОК.

Се вчитува...