Меси не го „есапи“ Роналдо?!

Големиот клупски ривалитет меѓу најголемите фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, се пренесува и на репрезентативно ниво со оглед дека и Аргентина и Пртугалија ќе бидат дел од Светското првнество во Русија.

Во пресрет на мундијалот, очекувано почнаа првите искри меѓу Меси и Роналдо. Лидерот на аргентинскиот тим на прашањето кои играчи очекува да блеснат на Светското првенство, набројувајќи ги очигледните ѕвезди, го пропушти Роналдо на листата.

„Бразил ги има Нејмар и Кутињо, Шпанија ги има Иниеста и Силва. Германците немаат големи ѕвезди, но се многу солидни. Белгија е со Азар и Де Бруин. Франција со Гризман и Мбапе. На турнирот ќе има многу добри играчи“ – изјави Меси очигледно не споменувајќи го името на Кристијано Роналдo.

Ова Светско фудбалско првнество многу веројатно ќе биде и последниот мундијалски настап за Меси и за Роналдо.

Селекцијата на Аргентина, на мундијалот е во конкуренцијата со Хрватска, Исланд и со Нигерија, додека португалскиот состав е во група со Шпанија, Мароко и со Иран.

 

 

Се вчитува...