Хари Кејн останува во Тотенхем во 2024 година

Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе го задржи својот најдобар фудбалер, кој е и капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, до 2024 година. Тој беше трансферна цел на европскиот првак Реал Мадрид, но раководството на „спарс“ успеа да го договори неговото останување под многу подобри финансиски услови од досегашните.

„Со одушевување сакаме да објавиме дека Хари Кејн потпиша нов шестгодишен договор со клубот и ќе остане член на Тотенхем до 2024 година“, објави англискиот клуб.

Хари Кејн изминатава сезона беше стрелец на 30 гола за Тотенхем во Премиер – лигата, а во изминатите четири сезони постигна повеќе од 20 погодоци во англискиот шампионат. Тој е еден од главните адути на селекторот Герет Саутгејт во селекцијата на гордиот Албион во пресрет на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...