Шпанецот Рафаел Надал ќе игра во финалето на Ролан Гарос откако на повеќе од убедлив начин славеше во полуфиналната пресметка против аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро.
За нешто повеќе од два часа игра, Надал едноставно го „збриша“ Дел Потро победувајќи во три сета, со 6-4, 6-1, 6-2.
Во финалето Надал ќе се сретне со Австриецот Доминик Тим кој претходно славеше против Чекинато, исто така во три сета, со 7-5, 7-6(10), 6-1.
24-годишниот Тим ќе биде најмлад финалист на Ролан Гарос од 2014 година, кога во финалето играше Кеи Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА