Регионалниот фудбал го дочека утрово шокирачка информација. Почина претседателот на Косовскиот фудбалски сојуз и поранешна легенда на екс-југословенскиот фудбал Фадиљ Вокри.
57-годишниот Вокри, како што информираше секретарот на косовскиот сојуз, Ерол Салиху, утрово починал како последица на срцев удар откако му се слошило за време на фитнес тренинг.
Фадиљ Вокри како фудбалер се прослави во периодот од 1986 до 1989 година настапувајќи за белградски Партизан, а притоа запишувајќи и 12 настапи со 6 гола во дресот на репрезентацијата на поранешна СФРЈ.
По завршувањето на кариерата, повеќе од 10 години беше на чело на Косовскиот фудбалски сојуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА