Кралот Филипе ги посети Белгијците

Белгиските фудбалери добија голем импулс пред патот на Светското првенство во Русија. Во посета во базата им пристигна кралот Филипе, кој им посака многу среќа на настапите на Мундијалот, истакнувајќи дека целиот белгиски народ ќе ги поддржува во намерата да остварат голем резултат.

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, верува дека до стартот на СП ќе ги има на располагање сите расположливи сили. Во моментот, на повреди се жалат Винсент Компани и Томас Вермален, но лекарскиот тим уверува дека тие сепак ќе бидат подготвени за настап на Мундијалот.

Се вчитува...