Европскиот првак, фудбалската репрезентација на Португалија, денеска допатува во Русија, каде ќе има пет дена да се аклиматизира и да ги направи завршните подготовки за настапот на Светското првенство. Најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо, секако, за да биде во фокусот на вниманието, дојде со малку поинаков имиџ, што треба да биде и негов препознатлив белег за време на Мундијалот.
„Подготвени сме. Ако можевме да ја освоиме Европа, ќе се обидеме да го покориме и светот“, порачаа португалските фудбалери по пристигнувањето во земјата домаќин на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА