Антиќ и Ц. Звезда на чекор од трофејот во Србија: Водство од 2-0 во финалето против ФМП

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговата Црвена Звезда се само на чекор од титулата во Суперлигата на Србија откако во финалната серија поведоа и со 2-0 против ФМП.

Црвена Звезда вечерва славеше со 62-68 во вториот меч, далеку полесно од првата средба, но само благодарение на одлично одиграната втора четвртина во која се реализираше клучната предност (14-29). Во второто полувреме белграѓани одржуваа постојано разлика за конечен триумф.

Антиќ одигра нешто повеќе од 20 минути на паркетот, притоа со еден запишан поен, пет скока и една асистенција. Најефикасен во победничкиот тим беше Џејмс Фелдин со 24 поени, а Омиќ мечот го заврши со 15 постигнати поени.

На Црвена Звезда сега и недостасува само една победа за да стигне до трофејот во Суперлигата, прв за неа сезонава со оглед на тоа што загуби во финалето од Купот на Радивоје Кораќ загуби од Партизан, а во финалето од АБА лигата загуби од Будуќност.

Се вчитува...