По пауза од цели 15 години еден од најракометните македонски градови Струга конечно повторно добива суперлигаш.
Ракометарите на РК Струга се изборија за место во Супер лигата на Македонија откако во бараж пресметката која се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци славеше против Металург 2 со 32-24 (14-11).
Стружани од самиот почеток наметнаа ритам за победа, постојано контролирајќи го резултатот. На полувреме заминаа со предност од три гола, а во вториот дел разликата постојано се зголемуваше за на крајот заслужен пласман во Супер лигата.
Како што е познато, претходно директен пласман во Супер лигата обезбеди екипата на Бутел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА