Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија го освои првото место во групата А на Купот на региони што се одржува во Велс. Нашите фудбалери денеска стигнаа до вториот триумф, совладувајќи ја селекцијата на Гетеборг со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за нашиот состав беше Оливер Христов во 62.минута од средбата, на асистенција на Антонио Бошески.
Со шест бода од три натпревари и подобар меѓусебен дуел од селекцијата на Јужен Велс, аматерската селекција на Македонија го освои првото место.
Првите две позиции од ова прелиминарно натпреварување водат понатаму во квалификациите. Од групата Б, пласман во следната рунда обезбедија тимот на Бузау (Романија) и на селекцијата на Марибор (Словенија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА