Македонија победува со стил, дури и кога не игра најдобро (фотогалерија)

Македонските ракометари стигнаа до одлични „плус осум“, на мал чекор до остварување на зацртаната цел за пласман на мундијалот што следниот јануари ќе се одржи во Германија и во Данска.

Дефинитивно се повеќе наликуваме на оние „големи репрезентации“, па лесно труимфираме и во натпреварите во кои не играме со 100% од своите можности. Борко Ристовски беше одличен и ги покри и оние проблеми во одбраната со кои се соочивме, додека во нападот дефинитивно се може многу повеќе, го посочи тоа и капитенот Кире Лазаров, но и дел од останатите ракометари кои се свесни за потенцијалот на оваа репрезентација, покажан во групната фаза во Загреб од последното европско првенство. Дури и коа не игра најдобро, Македонија победува со стил, со цепелини, добри акции, голмански мајстории… а што ли ќе биде кога ќе влеземе во ритам и ќе заиграме 100% според замислите на „ел команданте“.

Се оди чекор по чекор, Раул Гонзалес многу добро знае што прави, а ваквите резултати сигурно ќе влијаат позитивно врз самодовербата, не само за реваншот туку и за мундијалските пресметки, на стартот од битките за олимписки билет за Токио.

Се вчитува...