Андреас Перез, 14-годишен мотоциклист од тимот на Реал Авинисиа Академи, трагично го загуби животот по инцидентот на трката од Мото3 ФИМ ЦЕВ шампионатот, на патеката Каталуња кај Барселона.
Инцидентот со трагични последици се случи кога Перез на излегување од свиокот пет, беше зафатен од судирот во кој беа инволвирани неколку други возачи.
На 14-годишното момче му беше укажана медицинска помош на патеката, а потоа беше пренесен во најблиската болница во Барселона со сериозни повреди на главата. И покрај напорите на лекарите да го спасат младиот живот, Перез им подлегна на повредите.
Каталонскиот мотоциклист дебитираше минатата сезона и победи на неколку трки во Европскиот Куп на таленти. По серијата успешни настапи, годинава тој доби место во Мото ГП тимот на Авинисиа, во шпанската Мото3 серија и важеше за еден од најголемите шпански таленти во мото-спортот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА