Фудбалерите на Работнички денеска означија почеток на подготовките за новата сезона.
Шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски од самиот старт наметна „турбо-ритам“ за играчите кои почнаа со три тренинзи денеска. Вообичаено во првата фаза од подготовките ќе се стави акцент на физичката подготовка.
На првиот собир поради оправдани причини единствено недостасуваше Остоја Стјепановиќ, а се приклучија и новите четири засилувања, Оливер Пеев, Филип Петковски и српските интернационалци Љубомир Стефановиќ и Душан Стевиќ.
Првиот пријателски натпревар „романтичарите“ ќе го одиграат против Славија Софија на 18. јуни во Банско со почеток од 17 часот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА