Неопишива трагедија му се случи на славниот американски скијач Боде Милер. Неговата 19-месечна ќеркичка се удави во базен.
Се се случило кога Боде и неговата сопруга биле на една забава кај соседот. Малечката Емелин Гриер, поради мало невнимание, завршила во базенот. Кога била приметена и извлечена од базенот веќе било касно. Оживувањето не успеа – пишуваат американските медиуми.
„Скршени сме од болка. Нашата драга Еми го загуби животот. Ни во сон не се надевавме дека ќе искусиме ваква болка. Нејзината љубов и дух никогаш нема да бидат заборавени“ – напиша Боде на својот Инстаграм профил.
Емелин беше најмладото од четирите деца на Милер кои ги има со три различни жени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА