Висла Плоцк го сака Веселин Вујовиќ на клупата

Веселин Вујовиќ е прв кандиат за нов тренер на полскиот вицешампион, Висла Плоц. Амбициите на клубот се да му биде конкурентен на Кјелце во борбата за шампионската титула, а Вујо мајсторе е идеално решение за битката со Талант Душебаев.

Уште пред неколку месеци кога од тренерското мето во Висла Плоцк беше сменет актуелниот селектор на Полска, Пјотр Пжибецки од Висла Плоцк истакнуваа дека на клупата им треба некој како Веселин Вујовиќ.

Според полските медиуми, сега веќе има и конкретна понуда за Вујовиќ да ја преземе Висла Плоцк. Дали ќе дојде до реализација во многу ќе зависи од развојот на настаните во Словенија. Вујовиќ е актуелен селектор на Словенија и тренер на Копер. Но, најавите се дека сака да ја промени средината во која не може да ги реализира своите амбиции бидејќи Копер не може да си дозволи посериозни засилувања со кои би можел да им парира на Целје и на Горење.

Неговата иднина во Словенија зависи и од резултатот во баражот за СП во кој Словенците имаат пет гола негатива по првиот меч (24-29) пред реваншот со Унгарија во Веспрем.

Во Полска пак, го чекаат исходот и според анкетата во медиумите, посакуваат Вујовиќ да седна на клупата на Висла Плоцк.

Се вчитува...