Легендата на Реал Мадрид, Фернандо Јеро, ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија на претстојното Светско првенство кое утре стартува во Русија. Тој ќе го замени Хулен Лопетеги, кој доби отказ поради објавениот договор со Реал Мадрид. Ова секако е голем шок за „црвената фурија“ во очи почетокот на Мундијалот.
Јеро ќе има само еден тренинг со фудбалската селекција на Шпанија, пред првиот меч на Светското првенство, в петок против актуелниот европски првак Португалија. Во групата Б се и селекциите на Мароко и на Иран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА