ЕКИПА во Клуж,
Билјана Б. Петрушева
Живко Мукаетов како и секогаш беше на трибините на натпреварите на македонската репрезентација, давајќи им безрезервна поддршка на избраниците на Раул Гонзалес и при овој успех и пласманот на СП 2019. Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија изрази задоволство од овој пласман, но и надеж дека нашиот национален тим во иднина ќе има уште подобри резултати.
„Мислам дека покажавме дека сме подобра репрезентација од Романија. Секогаш е тешко кога вториот меч го играте на гостински терен во еден ваков бараж, но секоја чест на момците кои одиграа сериозно и својот квалитет го покажаа на терен. Одиме како и досега, максимално сериозно со подготовки за СП, во меѓувреме се и средбите со Турција и Грција во квалификациите за европското првенство, очекувам добри игри, квалитетна работа. Мое мислење е дека оваа репрезентација има потенцијал за уште подобри резултати во иднина“ – истакна Живко Мукаетов веднаш по натпреварот во Романија.
Првиот човек на РФМ потенцираше и дека не треба да се создава дополнителен притисок со бркање на нов олимписки сон, иако овој претстоен мундијал може да донесе и пласман кој би ја одвел Македонија во нов предолимписки циклус.
„Јас би замолил да одиме чекор по чекор, да не создаваме непотребна еуфорија“ – порача Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА